Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го продолжи својот договор со ФА до Светското првенство во Катар во 2022 година. Прелиминарните информации гласеа дека 48-годишниот стручњак ќе остане на чело на англиската репрезентација до Европското во 2020 година. Герет Саутгејт успеа да ја изведе репрезентацијата на Англија до 4-то место на Мундијалот во Русија, што се нема случено во последниве 28 години. Сепак, локалната федерација и селекторот се договориле тој да го води тимот и на следното Светско првенство. Неговиот помошник - Стив Холанд, исто така, останува во штабот на селекторот до 2022 година. Саутгејт застана на кормилото на Англија во 2016 година по отпуштањето на претходниот тренер Сем Алардајс. За време на паузата за меѓународни натпревари, Англија гостува на Хрватска (12 октомври) и Шпанија (15 октомври) во Лигата на нациите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 16:01