Тренерот на репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс изјави дека Манчестер Јунајтед не треба да го отпушта Жозе Мурињо, и покрај лошиот старт на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се во серија од 4 натпревари без победа во сите натпреварувања, а не е тајна дека Мурињо е во затегнати односи со дел од играчите. Дури поранешниот соиграч на Гигс во Јунајтед, Пол Сколс се објави јавно за отпуштање на Португалецот, но според легендарниот број 11, ова не треба да се случи. - Верувам дека Мурињо треба да ја задржи својата работа. Во моментов тимот минува низ тешка фаза, но една смена сега го осудува клубот да се најде во истата положба по година или две. Проблемот во моментов е дека нема план за иднината. Во овој поглед моето мислење не е променето, рече Гигс. Велшанецот ја помина целата своја кариера во Манчестер Јунајтед, а на крајот на сезоната 2013/14 за кратко ја извршуваше и функцијата на менаџер по разрешувањето на Дејвид Мојс



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 16:02