Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека е задоволен од победата од 3:1 над Олимпијакос во Лигата на Европа. „Росонерите“ го започнаа слабо мечот и првото полувреме дозволија гол во нивната мрежа, но потоа успеаја да направат пресврт. Тренерот рече дека неговиот тим може да игра подобро од прикажаното во овој дуел. - Во првото полувреме не игравме добро, иако создадовме шанси. Сепак, среќен сум со резултатот, но знам дека можеме да играме подобро. Направивме многу грешки во средината на теренот. Ова треба да се подобри ако сакаме да играме со систем од 4-4-2. Тиме Бакајоко има проблеми во моментов, но јас сум задоволен од тоа како се движи без топка. Успеавме добро да ја движиме топката, иако нашите линии не беа совршени. Затоа одбраната мораше да направи многу повеќе напор, рече Гатузо по мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 10:07