Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери по убедливата победа со 3:0 над Карабах во Лигата на Европа изјави дека овој успех е важен за „топџиите“ и ќе им даде дополнителна доверба во следните тешки судири во текот на сезоната. - Оваа победа е важна за нашата доверба и менталитет. Таа ќе ни помогне да постигнеме резултати во следните тешки натпревари, а не да заборавиме да притискаме и да играме на контра-напад, кога топката е во нас. Кога ја губевме, имавме проблеми, но потоа ја демонстриравме нашата индивидуална класа, рече Емери. Шпанскиот стратег ги загуби првите два натпревари во Арсенал, но сега тимот е во одлична серија од осум последователни победи. Сега следи тежок судир со Фулам во недела. - Не е проблем да играме во четврток и недела. Сакаме да играме повеќе натпревари на повеќе турнири и им даваме на повеќе играчи шанса да бидат на теренот. Така тие ќе добијат самодоверба, одговорност и ритам. Денес им дадовме шанса на играчите кои играат помалку, но важно е да се покаже добра игра во недела. Можеби некои од играчите кои беа на теренот денес ќе играат во недела. Ова е сосема можно, додаде стратегот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 10:09