Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година, е зголемен за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,2 отсто, алкохолни пијалаци за 1,5 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто, додека намалување е забележано во групата ноќевања за 0,3 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за два отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,6 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 16:32