Селекторот на Велс, Рајан Гигс, наведе дека Гарет Бејл ќе биде следниот капитен на репрезентацијата.

Во отсуство на капитенот Ешли Вилијамс, минатиот месец Бејл ја предводеше велшката репрезентација на натпреварот против Данска.

Вилијамс ќе го пропушти и следниот натпревар против Шпанија, а Гигс најави дека капитенската лента повторно ќе му ја довери на Бејл.

- Тој сигурно ќе биде следниот капитен на оваа екипа бидејќи е добар водач, истакна селекторот.

Гигс во јануари ја презеде велшката репрезентација и досега како селектор го предводеше тимот на пет натпревари, при што оствари две победи, два порази и едно реми.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 17:05