Барселона планира во своите редови да го доведе фудбалерот на Наполи, Калид Кулибали.

Според шпанските медиуми раководството на Барселона е подготвено да му понуди 65 милиони евра на италијанскиот клуб за Кулибали и тој веќе во јануари би можел да се пресели на „Камп Ноу“.

Доаѓањето на 27-годишниот сенегалски фудбалер во актуелниот шампион на Шпанија би ја зајакнало одбраната.

Кулибали минатата сеозна постигна пет голови на 35 натпревари во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2018 14:09