При археолошките ископувања во Помпеја откриени се исклучително зачувани фрески, кои биле затрупани при ерупцијата на Везув во 79 година.

Фреските се наоѓаат во една богатите куќи, поточно во делот од објектот наречен лалариум, тоа е олтар каде сопствениците принесувале жртви и се молеле.

Дел од фреските се насликани на доминантно црвена позадина, а на нив можат да се видат фигури на бикови, птици, дрвја и змии.

Според раководителот на архелошкото наоѓалиште, Масимо Осана, станува збор за фасцинантно откритие и најави дека собата во која се пронајдени дополнително и детално ќе биде проучена.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2018 14:46