Руската Надворешна разузнавачка служба (СВР) декласифицира документи што се однесуваат на соработката меѓу советските и британските тајни служби за време на Втората светска војна.

Ова денеска го изјави шефот на СВР Сергеј Наришкин кој на телевизија покажа неколку документи и фотографии од тој период.

- Тоа е заедничка операција со Британците, насловена Ајс-екс, во Втората светска војна. Објавивме извесен број архивски документи за учесниците во операцијата, за тајните агенти на советската тајна служба од разни земји, луѓе кои биле со различно етничко потекло, но кои биле обединети околу заедничка идеја да се победи нацизмот, рече Наришкин.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 10:38