Две сириски групи го повлекоа тешкото оружје од планираната демилитаризирана зона за која во северонозпадната провинција Идлиб се договорија Турција и Русија. Тоа го соопшти бунтовнички командант, јави ДПА.
- Слободната армија на Идлиб и Фајлах ал Шам, го повлекоа тешкото оружје и воени транспортери од зоната Абу ал Духр во источниот дел од Идлиб, што граничи со демилитаризираната зона, нагласи командант на Националниот фронт за ослободување.
Русија и Турција се договорија за демилитаризирана зона во Идлиб што ќе ги оддели владините сили од бунтовниците. Таа треба да биде формирана до 15 октомври, да е со ширина од окоу 20 км и во неа да патролираат руски и турски војници.
Во Идлиб живеат околу три милиони цивили. Најголем дел од провинцијата е под контрола на Хајат тахрир ал Шам, исламистички сојуз поврзан со Ал Каеда.