Турција ќе открие детали за исчезнувањето на познатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска владејачката Партија на правдата и развојот.

– Состојбата на исчезнатиот новинар, детали за него и кој е одговорен за тоа ќе бидат откриени, изјави портпарол на партијата на партиски конгрес со кој претседаваше претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Извор од турската полиција изјави за западни медиуми дека Кашоги кој од вторникот се води како исчезнат, е убиен во Конзулатот на својата држава во Истанбул.

– Полицијата во своите први заклучоци смета дека новинарот бил убиен во Конзулатот од група што дошла во Истанбул со таква намера и се вратила истиот ден, наведе тој извор.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 11:57