Повеќе од 700 пожарникари гаснат шумски пожари што избија на околу 40 км западно од Лисабон, соопшти португалската Агенција за цивилна заштита.

Пожар избил во Националниот парк во ноќта меѓу саботата и неделата и најмалку 50 луѓе се евакуирани.

Во интервенцијата повредени се двајца пожарникари. Во гаснењето ангажирани се и шест канадери.

Во пожар што изби лани во Португалија загинаа 106 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 12:38