Околу 5.000 луѓе се уште се сметаат за исчезнати по цунами во Индонезија, кое според последните податоци однело 1.763 животи, објавија денеска властите.

Најмногу исчезнати се од градот Палу на островот Сулавеси, најсилно погодени од земјотресот и цунамито на крајот од минатиот месец, соопшти портпаролката на Агенцијата за итни случаи.

Сутопо Пурво додаде дека во двојната катастрофа досега биле откриени 1.763 тела.

Областа на Палу со околу 350.000 жители беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,5 степени на 28 септември, а потоа и со цунами.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2018 12:44