Ако Македонија влезе во политичка криза, тоа ќе се одрази врз извозната активност на компаниите, но можно е многу повеќе да влијае на нивниот раст и развој, на реализирањето на инвестициите и отворањето нови пазари, смета Стопанската комора на Македонија.

Комората, како што беше речено денеска на прес-конференција,сепак, очекува брзо надминување на овој неизвесен период.

- Ако Македонија влезе во политичка криза, тоа би влијаело на извозната активност на компаниите. Можеби ќе влијае повеќе на нивното охрабрување да инвестираат во капацитетите и да растат, да сакаат да отворат нови пазари, но се надеваме дека брзо ќе го надминеме овој неизвесен период, истакна претседателот на Клубот на извозници при Комората Глигор Цветанов.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 13:16