Во Штип денеска пред градоначалниците од Источно-планскиот регион беа презентирани условите за користење на средствата од вториот повик за подобрување на општинските услуги, кој е финансиран од Светска банка, а е објавен пред две недели од страна на Министерството за фианнсии. Тања Томиќ главен координатор на проектот вели дека повикот трае до 15 ноември.

- Општините ќе имаат можност во следните месец и половина, односно до 15 ноември да аплицираат со инфраструктурни проекти. Подзаемите можат да се користат за финансирање улици, водоводи, канализации, градинки, училишта, потоа комунални претпријатија. Значи се она што значи подобрување на општинските услуги, вели Томиќ.

Таа додаде дека секоја општина има лимит, колку може да земе заем за решавање на инфраструктурните проблеми.

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски истакна дека ова е можност градоначалниците од регионот да слушнат за условите што им се нудат за земање на заеми, а како општина ќе размислат со кој проект би аплицирале, бидејќи главен услов е да имаат готова техничка документација.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2018 16:28