Адвокатите на наводната жртва на силување од страна на Кристијано Роналдо - Кетрин Мајорга, се информирани за уште три жени, кои тврдат дека биле силувани од португалскиот фудбалер. Адвокатот Лесли Стовал, кој ја претставува Мајорга од компанија со седиште во Лас Вегас изјави дека „ги следат овие информации“. Една жена тврди дека била силувана од Роналдо по забава, на која и двајцата присуствувале. Друга жена тврди дека била „повредена од Роналдо“, а трета тврди дека склучила исто вонсудско решение со португалскиот фудбалер. Таа била принудена за паричен надоместок да не открива информации за нејзината сексуална врска со играчот, кој играше во Реал Мадрид во тоа време. Адвокатите на Кетрин Мајорга се обидуваат да ги убедат трите жени да сведочат против Роналдо. Не може да се отфрли дури и некоја од нив да покрене посебно дело против ѕвездата на Јувентус. Англиски „Сан“ потсетува и на случај во кој португалскиот репрезентативец беше обвинет дека си дозволил да плаќа за секс, при тоа на 17-годишна тинејџерка. Пред 7 години, светската фудбалска ѕвезда беше погодена од нападите на Карима Ел Махруг. Таа изјави дека спиела со него, а потоа и оставил 4.000 долари на ноќната масичка во хотелската соба. Танчерката, позната уште и како Руби, е позната на жолтите медиуми како девојка која беше на пат да го уништи целосно поранешниот шеф на Милан, Силвио Берлускони. Таа го обвини Кристијано Роналдо дека спиел со неа во јануари 2010 година во еден хотел во Милано, кога имала само 17 години.