Француските весници „Франс Фудбал“ и „Екип“ ги објавија имињата на фудбалерите, кои ќе влезат во битката за една од најпрестижните индивидуални награди во фудбалот - „Златната топка“. Двата медиуми пуштаа по 5 имиња во текот на целиот ден, а пред малку ја завршија листата од 30 кандидати. Меѓу номинираните се: Меси, Роналдо, Нејмар, Салах, како и Лука Модриќ, кој досега ги собра наградите за „најдобар“ на УЕФА и ФИФА. Специјално жири ќе треба да ја определи својата петорка, а церемонијата на врачување на наградата е на 3 декември во Париз. Еве ги сите кандидати: 1.Серхио Агуеро (Манчестер Сити) 2. Алисон Бекер (Ливерпул / Рома) 3. Гарет Бејл (Реал Мадрид) 4. Карим Бензема (Реал Мадрид) 5. Едисон Кавани (Пари Сен Жермен) 6. Тибо Куртоа (Реал Мадрид / Челзи) 7. Кристијано Роналдо (Јувентус / Реал Мадрид) 8. Кевин де Бруин (Манчестер Сити) 9.Роберт Фирмино (Ливерпул) 10. Диего Годин (Атлетико Мадрид) 11. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) 12. Еден Азар (Челзи) 13. Иско (Реал Мадрид) 14. Хари Кејн (Тотенхем) 15. Н'Голо Канте (Челзи) 16. Иго Лорис (Тотенхем) 17. Марио Манџукиќ (Јувентус) 18.Садио Мане (Ливерпул) 19. Марсело (Реал Мадрид) 20. Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен) 21. Лионел Меси (Барселона) 22. Лука Модриќ (Реал Мадрид) 23. Нејмар (Пари Сен Жермен) 24. Јан Облак (Атлетико Мадрид) 25. Пол Погба (Манчестер Јунајтед) 26. Иван Ракитиќ (Барселона) 27. Серхио Рамос (Реал Мадрид) 28. Мохамед Салах (Ливерпул) 29. Луис Суарез (Барселона) 30. Рафаел Варан (Реал Мадрид)