Европската унија ќе го земе предвид спроведувањето на изборите во Босна и Херцеговина при оценката на кандидатурата на земјата за членство во Унијата, која ја подготвува Европската комисија.
Ова се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
Могерини и Хан изразуваат надеж дека „сите политички лидери ќе учествуваат во формирањето на владите на сите нивоа и конструктивно ќе работат заедно во интерес на граѓаните на нивната земја“.
- Исто така ќе биде важно и брзо конституирање на Домот на народностите во согласност со одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Ги повикуваме политичките лидери да покажат одговорност, истакнуваат двајцата еврокомесари.