Министерството за труд и социјална политика последниот месец обезбеди 126 нови вработувања во градинките низ Македонија, од кои поголемиот дел се на неопределено време. Со ова последна согласност, од почетокот на годината до сега, МТСП преку Министерството за финасии, обезбедило средства општините да вработат вкупно 1.025 воспитувачки, негувателки и друг персонал во детската заштита, со цел зголемување на бројот а надар што се грижи за децата, а напоредно се работи и на подобрување на условите во градинките како и на отворање нови.
- Бројките говорат дека оваа Влада посветено работи на подобрување на условите и на кадарот каде што се згрижуваат најмалите. Драстично ги намаливме договорите на дело и трајно го вработуваме пероналот кој ги чува децата, затоа што секое дете ни е важно, но важен ни е и кадарот на кој сакаме да му го вратиме достоинството, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, ја посети градинката „Орце Николов“.
Таа додаде дека освен што се работи на зајакнување на кадарот, МТСП ги проширува и капацитетите. Од почетокот на годината до сега се отворени 11 градинки, а заклучно со декември планирано е во функција да се стават уште 13, со што годината ќе се заврши со вкупно 24 новоотворени градинки низ Македонија.
Буџетот за изградба и опремување изнесува 41,6 милиони денари и е за 44 отсто поголем од парите искористени лани за истата намена. Заклучно со август, реализирани се 42 отсто од планираниот буџет за оваа намена за 2018, односно веќе се инвестирани 17,5 милиони денари во детски градинки. Оваа сума е речиси иста со сумата која била инвестирана од претходната власт за цела 2015 година, а е за околу три милиони денари поголема од потрошениот годишен буџет наменет за градинки во 2016 година.
Царовска појасни дека Министерството работи и на градење на систем на вработени преку кој би се постигнал професионален и кариерен развој на вработените.
Со овој систем, рече таа, ќе работиме на подобрување на квалитетот на услугата на вработените во областа на детска заштита. Системот на работни места на вработените, потенцира министерката, е поврзан и со зголемување на нивните плати и соодветно вреднување за секое е постигнато ниво на професионален развој на секој вработен.
Со вработувањата, како што рече Царовска, се постигнува растоварување на групите деца во градинките. Онаму каде нема просторни услови за одделување на посебни групи, во постојните, кои се повеќебројни, се додаваат нова негувателка или нов воспитувач во зависност од потребата.
Со сите овие мерки и активности, според Царовска, се прави напор за поголема вклученост на децата од три до шест години во претшколско образование со цел, како што рече, тие деца да имаат подобар старт за поголем успех во основното, средното, па и високото образование.
Градинката што денеска ја посетија министерката Царовска и градоначалникот Богоев, ова е една од установите каде што има 24 нови вработувања. Од нив 18 се на неопределено време, а 6 се замена на вработени кои користат породилно, или подолготрајно боледување и се на определено време.
- Општина Карпош и градинките во општијата ја добиваат нов кадар поквалитетно предучилишно образование , а од друга страна ние како општина забрзано работиме на подобрување на инг=фраструктурата во градинките рече Богоев.
Тој притоа напомена дека во финална фаза е изградбата на целосно нова градинка во населеното место Бардовци, и оти таму воопшто немало никаква градинка. Се работи на изградба на нов дополнителен објект во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 каде имало проблем со капацитетите. Станува збор за дополнителен објект од 150 метри квадратни.