Фановите на Реал Мадрид го гледаат Еден Азар како решение за проблемите на „Сантијаго Бернабеу“. Белгискиот репрезентативец и член на Челзи е во одлична форма од почетокот на сезоната, а исто така се истакна со одлични партии на Мундијалот во Русија. Самиот играч во неколку наврати изјави дека сонувал да игра за „белиот балет“, а неговиот договор со „сините“ истекува во 2020 година. Во анкетата на „АС“, на прашање дали сакаат да го видат Азар во дресот на Реал во зима или лето, 84,91 отсто од луѓето изјавиче дека на „Бернабеу“ уште во јануари. Останатите 15,09 проценти ќе се задоволни ако пристигне и следното лето. Во анкетата учествувале повеќе од 50.000 испитаници.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 16:36