Португалската фудбалска федерација ја казни Бенфика со 765 евра откако клубот пушти песна, која е се слуша на арените каде се одржуваат борби со бикови, по победата над Порто.

Управниот орган објасни дека е забрането да се пуштаат слични песни на фудбалски стадиони.

Борбите со бикови се легални во Португалија, иако самите животни не се убиени, за разлика од традициите во други земји.

Португалскиот дневен весник „Рекорд“ вели дека тренерот на тимот, Руи Виториа е познат обожавател на борбите со бикови.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 23:33