При лансирање на рускиот носач на ракети „Сојуз МС-10“ од космодромот Бајконур кон Меѓународната вселенска станица се случи хаварија.

Двајцата члена на екипажот, рускиот космонаут Алексеј Овчинин и неговиот американски колега Ник Хејг успешно се спуштија на земјата и не се наоѓаат во опасност. Спасувачките екипи ја забележале ракетата како се спушта со падобран кон земјата. Екипажот се приземји на 20 километри источно од Жезказган, во Казахстан и веднаш со нив е воспоставен контакт.

Четири хеликоптери, подготвени за спасувачка операција, полетаа кон приземјеното летало.

Русија одлучи да ги замрзне сите пилотирани вселенски мисии.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2018 16:32