Италијанската поморска патрола спречи шверц на 352 килограми марихуана, која со моторен чамец преку Јадарнско Море била транспортирана од Албанија.
Акцијата била рализирана во соработка со крајбрежната служба на италијанскиот град Бари.
Откако бил забележан чамецот кој пловел од меѓународните води кон италијанскиот брег истиот бил запрен и полицијата во него ја открила марихуаната спакувана во 222 пакети, скриена во двојно дно на чамецот.
Според полицијата запленетата дрога доколку стигнела на нарко пазарот би достигнала вредност од над три милиони евра.
Во акцијата уапсен е 42-годишен Италијанец, жител на градот Лече, кој признал дека испловил од албанскиот пристанишен град Драч.
Само пред два дена италијанската полиција во близина на Бриндизи, заплени 560 килограми марихуана и уапси двајца албански државјани,на возраст од 27 и 32 години. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу пет милиони евра.
Според полициската статистика, годинава на италијанското крајбрежје, во поширокиот регион на провинцијата Пулија, запленети над 17 тони марихуна пристигната од Албанија, уапсени се 40 лица и запленети 17 моторни чамци.