Израелски и дански претставници денеска одбележаа 75-годишнина од спасување на повеќе од 7.000 Евреи од окупираната Данска, кои со брод беа префрлени во соседна Шведска за време на Втората светска војна.
Израелскиот претседател Рувен Ривлин и данскиот премир Ларс Расмусен положија венци во рибарското место Гилелеја, а потоа присуствуваа на церемонија во црква.
Околу 7.200 Евреи односно 95 проценти од еврејската популација во Данска и приближно 700 нивни нееврејски роднини успеаја да побегнат од нацистичката окупација во Шведска.
Спасувачката мисија од септември до октомври 1943 година ја спровеле пред се припадници на локалните власти и данското движење на отпорот откако имале дојава за нацистичките рации од Георг Фердинанд Дуквиц, германско аташе во Копенхаген. Во Данска се уште се сеќааваат на Дуквиц како на „Добриот Германец“.
Околу 500 Евреи се уапсени и депортирани во концентациони логори.