Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ има обраќање на панел на кој учествуваат и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија.
Министерот Тевдовски зборува на тема „Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати“.
Тој ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за остварување на тие цели.
На панелот на кој говори Тевдовски, обраќања имаат и претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер, како и извршниот директор на Светската програма за храна (ВФТ) Дејвид Бизли.
Обраќањето може да се следи на следниов линк. http://live.worldbank.org/implenting-SDGs-changing-world.