Принцезата Јуџинија, внука на британската кралица Елизабета Втора, денеска во замокот Виндзор ќе го каже судбоносното „Да“ покрај Џек Бруксбенк, со кого е во долгогодишна врска.

Ова ќе биде втора венчавка во британското кралско семмејство оваа година, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл што се случи во мај.

Принцезата Јуџинија е втора ќерка на третиот син на кралицата, принцот Ендрју и на Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

Младата принцеза официјално нема кралски должности, и работи како директорка на уметничка галерија во Лондон. Моментно е деветта во редот за наследство на британскиот престол.

Својот иден сопруг таа го запознала во ресторан каде што работел како келнер. Сега тој е застапник на брендот текила на глумецот Џорџ Клуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 11:45