Иако вчера од МЕР АД Скопје истакна дека е постигнат договор со граѓанските активисти за продолжување на трасата за гасоводот кој минува низ водно, од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ со демант. Велат дека не е постигнат договор и дека се подготвуваат утре на нова „пресметка“ со багерите.

„Во официјално соопштение МЕР АД Скопје вчера, 11.10.2018, ја информираше јавноста дека била постигната согласност со граѓанските активисти кои ќе биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Во потполност ја демантираме информацијата за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту пак сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news, нели Миле Бошњаковски и Бајрам Реџепи?

Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти.“, напишаа од „Го сакам Водно“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 11:57