Во индустриската зона „Мамутчево“ во понеделник ќе почне изградба на водоснабдителен систем, најавија од општина Велес.
Најпрво ќе се изгради резервоарски простор со зафатнина од 500 метри кубни, а рокот за изградба, според договорот е 75 дена инфрмираа од Општина Велес.
Изведувачот на работите на проектот "Изградба на систем за водоснабдување во Индустриска зона „Мамутчево", е Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Евро-инженеринг увоз-извоз ДООЕЛ“- Велес.
Надзор над изведбата на градежно монтажните работи е „ДГУТГМ Интерградба-ЛА Аце ДООЕЛ увоз - извоз“.
Вредноста на договорот е осум милиони 692 илјади 499 денари од кои шест милиони 952 илјади 714 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а еден милион 749 илјади и 785 денари се учество на Општина Велес.
Како што информираат од Општина Велес потоа ќе се гради и водоводна линија и систем за фекална канализација.
Од службата за информирање на Општина Велес најавуваат динамизирање на активностите за изградба на комуналната инфраструктура во ИЗ „Мамутчево“.
- Сето тоа со цел во најкраток рок да се обезбедат сите услови за непречен развој на зоната. Со тоа ќе им се овозможи и започнување на работите за заинтересираните инвеститори, велат од Општина Велес.
Тие посочуваат дека раководниот тим на Општина Велес веќе е во разговори со заинтересирани инвестотори за градење во оваа атрактивна индустриска зона.
Инаку, Индустриската зона „Мамутчево“ која се протега на 67 хектари, се наоѓа во непосредна близина на експресниот пат Велес – Штип.
Од Општина Велес информираат дека во зоната првенствено ќе градат компании од лесна и незагадувачка индустрија.