Проблемите во внатрешната и надворешната политика, како и ситуацијата околу Руската православна црква во Украина беа темите на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот Совет за безбедност одржан синоќа. Тоа го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Тема на состанокот беше и ситуацијата околу Руската православна црква и по скандалозната одлука на цариградската Екуменска патријаршија, изјави Песков.

Во четвртокот Цариградската патријаршија соопшти дека ќе почне процес за давање независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 12:16