Околу 70 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза откако туниски рибарски брод го пронајде нивниот брод на 29 километри од брегот, соопшти италијанската крајбрежна стража.

- Операцијата за спасување требаше да ја преземе Малта, но луѓето од бродот беа префрлени во Лампедуза, се наведува во соопштението.

Не се прецизира дали се спасени од страна на Италијанците или бродот само бил придружуван од Италијанците до Лампедуза.

- Седумдесет лица се спасени од италијанската крајбрежна стража и се безбедни во пристаништето Лампедуза, напиша на Твитер невладината организација „Медитеране“, која има свој набљудувачки брод на Медитеранот.

Мигрантите се од Еритреја, Гана и Сирија.

Откако италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салдини воведе строга антимиграциска политика, многу малку мигранти пристигнуваат во Италија.

Според Министерството за внатрешни работи, во октомври во Италија влегле 400 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 16:30