Полската полиција со солзавец и водени топови ги растера десничарите кои се обидоа да ја спречат првата парада на гордоста во полскиот град Лублин.

Повеќе од илјада припадници на ЛГБТ заедницата и активисти учествуваа на парадата, а се собраа околу 3.000 десничари, кои полицијата ги растера, откако тие гаѓале со камења кон неа.

По полициската интервенција парадата продолжила без проблем.

Парадата е одржана откако Апелацискиот суд во Лублин ја укина забраната за одржување вакви манифестации.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 20:58