Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за функцијата дипломатски претставник на САД во Обединетите нации, вклучувајќи и две искусни амбасадорки - Џејми Мекорт и Кели Најт Крафт, јави Танјуг.
Високи претставници на Белата куќа велат дека претседателот Доналд Трамп преферира да избере жена за заменик на Ники Хејли и да побара некој кој е веќе во администрацијата.
Џејми Мекорт е амбасадорка на САД во Франција и Монако, а Крафт е амбасадорка во Канада, сопруга на рударски магнат и голем републикански донатор.
Прв фаворит за наследничка на Хејли беше Дајна Пауел, поранешен заменик советник за национална безбедност, но нојзиното име испадна од списокот потенцијални кандидати.