Меморандуми за соработка ќе бидат потпишани денеска меѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и меѓу Регулаторната комисија за енергетика и УСАИД, а во врска со „Проектот за поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија“.
На свеченоста планирано е да се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на САД, Џес Бејли и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.