Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е искрен и навистина сака да се откаже од нуклеарното оружје, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, нагласувајќи дека меѓународната заедница треба да го награди поради тоа.

- Оваа година со часови разговарав со Ким. Тие средби ме уверија дека тој донел стратешка одлука да се откаже од нуклеарното оружје, истакна Мун.

Пјонгјанг оваа година ги прекина нуклеарните и ракетните тестирања, но не го исполни ветувањето да дозволи меѓународна инспекција во демонтираниот полигон во мај.

Меѓутоа, Мун тврди дека Ким е „искрен, смирен и учтив“, но и се „чувствува фрустрирано поради недовербата на меѓународната заедница“.

- Сега е време да се одговори на тие напори... Мора да го увериме Ким Џонг-ун дека донел вистинска одлука за денуклеаризација и да го следиме во неговата желба за конечен мир, додаде јужнокорејскиот лидер.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 09:04