Меѓународна конференција InnoDays - Иновации, контекст, соработка и капацитети во Балканско Медитеранската област ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата е дел од проектот InoPlatform финансиран од Европската Унија и се имплементира во пет земји од Балканско-Медитеранската област.
Носител на проектот е Центарот за управување со знаење од Македонија, а другите партнери се Computer Technology Institute and Press „Diophantus" од Грција, UET Centre од Албанија, Burgas Free University од Бугарија, Limassol Chamber of Commerce and Industry од Кипар и Association of Information Technology Companies of Northern Greece од Грција.
Конференцијата треба да ја отворaт министерот без ресор Зоран Шапуриќ задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и Андријана Богдановска, проектен менаџер на ИноПлатформа.