Владата на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори во проекти за наводнување.

На дневен ред на 95. владина седница е и информацијата за формирање на работна група за Национален акциски план за енергија и клима, а министрите ќе треба да се изјаснат и за потребата од итна санација на армирано-бетонскиот мост на пругата Велес – Гевгелија.

Владата ќе се произнесе и по информацијата за обезбедување деловен простор за проектот за отворање на Инфо-центар за евроатлантски интеграции, а ќе расправа и за информацијата за анализа за алтернативна локација за изградба на нов Универитетски клинички центар во Скопје и формирањето на работна група за вршење на анализата.

На денешната седница меѓу другите точки е и информацијата за усвојување на меѓународната Повелба за отворени податоци, а претставници на Археолошкиот музеј на Македонија ќе информираат за реализацијата на меѓународната изложба „100 години Требениште“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 10:56