Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум.

Во извештајот за 2018 година се вклучени 140 земји. Светскиот економски форум го изработува извештајот врз основа на 12 критериуми: продуктивност, институции, инфраструктура, развој на ИКТ сектор, макроекономска стабилност, здравство, образование, технолошката подготвеност, пазар на труд, финансиски систем, големина на пазар, бизнис динамика и иновативност.

Македонија е најдобро позиционирана според критериумот бизнис динамика на 57 место, а најлошо според големината на пазарот на 109.

Најдобро рангирани во Извештајот на Светскиот економски форум за глобалната конкурентност за 2018 година, се САД, Сингапур и Германија, а најлошо Хаити, Јемен и Чад.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 11:48