Рускиот претседател Владимир Путин, кој учествува на форумот „Валдај“ во Сочи, одговарајќи на прашање дали неговиот американски колега Доналд Трамп се слуша само себеси, одговори дека тоа не е вистина и дека ја поддржува стабилизацијата на билатералните односи.

- Тој може да се однесува така со некои други, но тогаш тие самите се виновни. Јас имам сосема нормален и професионален дијалог со него, и, се разбира, тој ме слуша, гледам дека одговара на аргументите на својот соговорник, изјави Путин.

Во однос на случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги во Турција, Путин изјави дека Русија ќе ги чека резултатите за неговото исчезнување, пред да одлучи какво влијание би можело да има неговата судбина врз руските односи со Саудиска Арабија.

Рускиот претседател оцени и дека Вашингтон „има одредена одговорност“ за она што се случи со Кашонги, кој е саудиски државјанин, но живее во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 19:18