Статусот на британската прекуморска територија Гибралтар по излегувањето на Велика Британија од Европска унија беше договорено со Лондон, изјави денеска премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Тој додаде дека Шпанија и Велика Британија продолжуваат да водат одделни преговори за Гибралтар, пред се за екологија, даночно олеснување и трговијата со тутун.

- Гибралтар повеќе нема проблем да постигне договор за Брегзит, посочи Санчез.

Гибралтар ќе излезе од ЕУ заедно со Обединетото Кралство на 29 март следната година. Неговиот статус и статусот на двете суверени територии во Кипар, кој е земја-членка на Европска унија, ќе бидат дел од заедничкиот договор за излез на Велика Британија од ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 19:27