Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, сака да се воведе глобална минимална даночна стапка на профит со цел да спречи компании да купуваат фирми или да основаат седишта во земјите со ниски даноци, пишува „Ханделсблат“, повикувајќи се на експерт за даноци од Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД).

Шолц побара од ОЕЦД да го разгледа тој предлог, нагласува германскиот весник.

Таквиот потег всушност би бил проширување на BEPS, збир од политики на ОЕЦД што се користат за спречување стратегии за даночни евазии кои им овозможуваат на мултинационалните компании да префрлат свои профити во земји со ниска или нула стапка на данок на профит.

Земјите ги усогласуваат своите даночни закони со Упатствата на ОЕЦД.

Шолц тесно соработуваше со Франција при пишувањето на својот предлогот, кој минатата ноќ беше објавен од весникот. Тој, исто така, рече дека предлогот е добро прифатен, но разговорите за тоа се во почетен стадиум.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 12:07