Алжирската влада забрани покривање на лицето на работно место во јавни служби, односно носење никаб или бурка.

Премеирот Ахмед Оујахиа ги повика министрите и гувернерите во државата строго да ја почитуваат наредбата и да не се дозволи „каква било облека што пречи за извршување на функциите во јавните служби, а која е строго забранета на работното место, особено никаб“.

Владин портпарол рече дека вработените мора да го покажат својот идентитет на работните места за да се избегнат безбедносни закани.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 16:27