Во насока на зголемување на органското производство, наскоро ќе биде објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во насока на зголемување на органското производство, наскоро ќе биде објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на завршниот настан од проектот за органско производство „Конс Серт".

Предност на огласот ќе имаат органските производители.

-Преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, нудиме мерки кои ќе го поттикнат развојот на органското производство. Субвенциите за примарното органско производство од 61 милион денари оваа година ги зголемивме на 81 милиони денари оваа година. Поддршката во зависност од органската културата е до 100 отсто повисока од субвенциите наменети за конвенционалното производство, изјави Николовски.

Македонија, додаде, е во напредна фаза на усогласување со европските регултави во делот на органското земјоделство, што беше нотирано и во последниот извештај на Европската комсиија.

МЗШВ неодамна го стави во функција Регистарот на органски производители, а интензивно работи и на промоција на македонските органски производи, како и на мотивација кај младите земјоделци да се вклучат во овој сектор.

Преку проектот „Консолидација на локалните органски сертификациски тела" -„КонсСерт", Швајцарија го поддржа македонско тело за органска сертификација, Балкан Биосерт, да ја воведе и задржи акредитацијата за меѓународно бараните органски и други сертификациски услуги.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 17:20