На охридско-струшкиот регион потребна му е голема конгресна сала што ќе ја зголеми понудата за семинарски туризам, смета претседателот на здружението на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

Семинарскиот туризам, според него, е неизоставен дел од туристичката понуда, но за да расте овој сегмент од туризмот потребна е сала за интернационални конгреси со капацитет од две до три илјади гости, кои ќе бидат сместени во повеќе хотели.

– Со изградбата на конгресен центар ќе се даде една комплетна понуда на повисоко ниво. Има капацитети и интерес за семинарски туризам. Ние сме поефтина дестинација од земјите околу нас. Услугите што ќе ги нудиме ќе бидат на ниво и доколку ги направат во друга европска земја ќе бидат многу поскапи, вели Блажески за МИА.

Покрај традиционалната летна туриситичка сезона, туристичките капацитети на Охридско-струшката ривиера исполнети се во текот на целата година, но за овој период од годината актуелни се конгресите и семинарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 18:00