Генералниот секератар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва на Твитер ја поздрави одлуката на македонсkото Собрание да се пристапи кон измена на Уставот согласно Договорот од Преспа.
– Го поздравувам гласањето на Парламентот во Скопје за предложените уставни измени. На владините и политичките лидери е да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја искористат оваа историска можност да ја доведат земјата во НАТО, пишува Столтенберг