Караван со мигранти од централна Америка синоќа ја проби оградата на границата со Гватемала и тргна кон мексиканска територија, соопштија мексикански официјални лица.

Откако преминале на мексиканска страна преку мост, мигрантите се доближиле до полициска единица и 50-на од нив почнале да ги туркаат назад кон Гватемала, пред да употребат солзавец.

Преминот е повторно затворен и претставници на федералната полиција побараа од мигрантите „да престанат со агресијата“.

Мигрантите носеа знамиња на Хондурас и на границата со Мексикопристигнаа во раните утронски часови, барајќи од пограничните власти да ги пуштат.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 12:11