Дали Американците ќе го обноват републиканското мнозинство за тоа да може во Конгресот да ја поддржува програмата на Доналд Трамп? Или на демократите ќе им го препуштат надзорот над Сенатот и Претставничкиот дом за да ја спречат политиката на контраверзниот американски претседател?

Одговорот ќе се знае на 6 ноември кога се избираат претставници кои седат на Капитол Хил и во речиси сите парламенти на сојузните држави и гувернери на 36 од 50 американски сојузни држави.

Тоа ќе биде тешка битка, очекува лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел додека многумина предвидуваат доаѓање на демократски „бран“ кој би можел да го проголта Конгресот.

Изборите се одржуваат две години по претседателските на половина од мандатот на Трамп (од таму доаѓа називот „мидтерм“) и се сметаат за своевиден референдум за станарот на Белата куќа.

Историски, партијата на претседателот на средината од неговиот мандат ретко избегнува протестно гласање.

Кој се избира?

Целиот состав на Претставничкиот дом, односно 435 конгресмени се избираат секои две години.

Во Сенатот кој има сто членови мандатите траат чест години. Секои две години се избира околу третина од составот. Сега ќе бидат избрани малку повеќе од третина нови сенатори, односно 35.

Републиканците во овој момент го контролираат Конгресот. Во Сенатот имаат тесно мнозинство (51 републиканец наспроти 49 демократи) а поголема во Претставничкиот дом (236 претставници наспроти 193 демократски , со шест празни места.

Во Претставничкиот дом демократите на републиканците мора да им „земат“ 25 мандати ако сакаат да имаат мнозинство. Тоа, според анкетите е лесно изводливо.

Демократите имаат малку помалкку изгледи да го преземат и Сенатот затоа што изборниот календар кажува дека во ноември бранат 26 места, а републиканците само девет.

Новоизбраните претставници ќе го почнат мандатот на 1 јануари 2019 година.

Какви се влоговите?

Влијанието на овие избори би можело да биде големо.

Кога демократите би го освоиле мнозинството во Претставничкиот дом веројатноста за почнување процедура за отповикување на претседателот Доналд Трамп многу би пораснала.

Би се зголемил и бројот на парламентарни истраги против администрацијата на Трамп поради, пред се, сомнежите за поврзаност меѓу претседателската кампања на Трамп и Русија во 2016 година.

Демократите би го презеле водството над парламентарните одбори во Претставничкиот дом, што би и овозможило да делат покани за сведочење на луѓе кои би сакале да ги сослушаат под заклетва.

Кога демократите би презела надзор и над Сенатот тогаш би можеле да бидат блокирани сите номинации на Трамп во Врховниот суд, Федералниот правосуден состав или извршните функции во администрацијата.

Сенатот има последен збор за тие претседателски номинации.

Гласање за Трамп?

Апсолутно. Иако името Доналд Трамп не се наоѓа на гласачките ливчиња, многу Американци ги доживуваат изборите на 6 ноември како референдум за претседателот.

Во конзервативните држави како Канзас или Јужна Каролина републиканските кандидати немаат никаква потреба да се дистанцираат од него. Напротив можат да сметаат на неговата многу солидна популарност во конзервативните кругови.

Но популарноста на Трамп падна на национално ниво. Во државите во кои демократите и републиканците се борат за превласт и трките се неизвесни. Името на Трамп би можела да биде отежнувачка околност. Кандидатите на неговата партија настојуваат да ја насочат својата кампања на солиден економски раст, додека демократите прават се за да го свртат вниманието на контраверзните политики на Трамп за мигрантите, здравството или трговијата.

Работата е во рамнотежата, забележува Мет Мековијак републикански консултант од Остин во Тексас.

- Предизвик за републиканците е тоа што Трамп им треба за да ја мотивираат избирачката база. Но колку што тој е повидлив, ризикот е поголем дека некои групи избирачи ќе им свртат грб што би можело да го сврти резултатот од изборите, на пример образовани жени од средна класа или политички неопределени избирачи кои не гласаат секогаш за иста партија, рече тој.

Јутарњи лист - Загреб



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 12:20