Американскиот Стејт департмент поднесе обвинение против руската државјанка Елена Кусјајнова за наводно мешање во американските избори.

Според Стејт департментот, Кусјајнова била поврзана со обиди на Русија за мешање во политичкиот систем на САД, вклучително и во претстојните избори за американскиот Конгрес.

Кусјајнова е првата личност против која официјално е поднесено обвинение во врска со тврдењата за руско мешање во изборите за американскиот Конгрес, што треба да се одржат на 6 ноември.

Во обвинението се наведува дека Кусјајнова работела на т.н. „фарма на тролови“ на социјалните мрежи, чии активности во февруари годинава ги истражуваше американскиот специјален истражител за руското мешање во американските избори во 2016 година, Роберт Малер.

Според обвинението, Кусјајнова бил главен сметководител на „проектот Лахта“, финансиран од рускиот олигарх Евгениј Пригозин, како и од две компании во негова сопственост, во чии рамки „преку социјалните мрежи и други платформи се води информативна војна против САД, со цел да се предизвикаат негативни чувства кон кандидатите кои ги застапуваат американските политички позиции“.

На обвинувањата на Стејт департментот реагираше руското Министерство за надворешни работи, кое оцени дека ваквите тврдења на САД се со цел да се најде изговор за воведување нови санкции кон Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 14:38