Најмалку девет лица загинаа, а околу 110 други се ранети денеска при различни инциденти и неколку бомбашки напади во Авганистан, каде во тек се парламентарни избори.

Авганистанското Министерството за внатрешни работи информира дека имало вкупно 15 експлозии на бомби во близина на гласачките места.

Само при напади во реонот на Кабул загинале три лица, а 67 се ранети. Инциденти и експлозии имало и во провинциите Нангархар, Тахар, Гор и Кундуз.

Парламентарните избори денеска се одржуваат во сите авганистански провинции, освен во Кандахар, каде гласањето е одложено за една недела поради убиството на локален полициски началник.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 15:51