Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување штетни глодари на својата територија. Со акцијата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници.

-Работните активности на терен ги изврши фирмата „Токси вет“, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, соопшти Општина Кисела Вода.

Акции за уништување на штетните глодари локалната самоуправа спроведува двапати годишно, напролет и наесен.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2018 12:09