Саудиските власти во петокот соопштија дека новинарот Џамал Кашоги бил убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул, каде дошол на 2 октомври за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка, по што му се загуби секоја трага.

Овој последен официјален став на Ријад драстично се разликува од првичните саудиски реакции за случајот Кашоги.

Во проодлжение следи преглед на досегашните саудиски ставови околу Кашоги:

2 окотмври – Кашоги последен пат е виден како влегува во Саудискиот конзулат во Истанбул.

3 октомври – Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман во интервју за Блумберг вели дека според неговите сознанија, Кашоги го напуштил Конзулатот каде минал „неколку минути или еден час“.

4 октомври – Саудискиот конзулат во Истанбул на Твитер објави дека ги следи медиумските извештаи за ислезнувањето на Кашоги „откако ја напуштил зградата“ на дипломатското претставништво.

6 октомври – Саудиска Арабија соопшти дека испраќа тим во Турција, кој ќе го испита „случајот Кашоги“ заедно со турските власти.

7 октомври – Турски официјални претставници првпат излегоа со тврдења дека Кашоги е убиен во Конзулатот, но Саудиска Арабија соопшти дека таквите обвинувања „се неосновани“.

9 октомври – Турција соопшти дека ќе изврши претрес на Саудискиот конзулат.

11 октомври – Турција и Саудиска Арабија соопштија дека се договориле да формираат заедноички тим што ќе треба да ја утврди судбината на Кашоги.

13 октомври – Саудиските власти ги оценија како „лаги и неосновани тврдења“ медумските наводи дека била издадена наредба за убиство на Кашоги, додека медиумите во Турција објавија изјава на официјален турски претставник, кој тврди дека Кашоги бил убиен во Конзулатот и неговото тело било исечено на парчиња.

14 октомври – Турција побара од Саудиска Арабија да им дозволи на турските истражители да извршат претрес на Конзулатот.

15 октомври – Турските истражители извршија претрес на Конзулатот. Во исто време, саудските медиуми објавија дека „15- члениот тим Саудијци“, кои според турски извори го ликвидирале Кашоги, всушност се „туристи“.

16 октомври – Клучниот сведок во истрагата ја напушти Турција без најава и замина за Саудиска Арабија.

17 октомври – Турските истражители извршија претрес на резиденцијата на саудискиот конзул.

19 октомври – Саудискиот јавен обвинител соопшти дека прелиминарната истрага покажала оти во Конзулатот „меѓу Кашоги и група луѓе дошло до конфликт и размена на тупаници, кои довеле до смрт на новинарот“. Тој информира и дека во врска со „убиството на Кашоги“ биле уапсени 18 Саудијци.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2018 14:34